Песков: Кремљ не се согласува со ставот на Британија за Крим и Донбас

Кремљ реагираа на ставот на британскиот парламент.

Кремљ не може да се согласи со употребата на терминот „анексија“ од страна на британските парламентарци во врска со Крим и нивната оцена за ситуацијата во Донбас, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

„Таквите формулации како „анексија на Крим“ за нас се непознати, ние не можеме да се согласиме со нив. Тврдењата во врска со југоистокот на Украина – и тоа е, од наша гледна точка, погрешна интерпретација, погрешна формулација“, додаде портпаролот на рускиот претседател, пренесува „Взгљад“.

Песков истакна дека британската страна, за голема жал, е позната по својата пристрасност кон целосно извртување на дијалогот во разни сфери. „Затоа, се разбира, пројавувањето желба за комуникација е она што предизвикува задоволство и она што во целост кореспондира со континуираната позиција на Москва дека само со посредство на дијалог можат и треба да се решаваат меѓународите проблеми и проблемите во билатералните односи“, изјави Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња