Прогрес МС се откачи од МВС

Прогрес МС беше во состав на Меѓународната вселенска станица од декември 2015 година.

Првиот товарен вселенски брод од новата серија Прогрес МС се оддели од Меѓународната вселенска станица. Апаратот се симна од орбитата и беше потопен во Тихиот океан, јавува РИА Новости.



Потопувањето на недогорените фрагменти од товарниот вселенски брод се случи во 10 часот и 50 минути по московско време во Тихиот океан, на место на кое не се движат бродови, неколку илјади километри од главниот град на Нов Зеланд Велингтон.

Прогрес МС беше во состав на Меѓународната вселенска станица од декември 2015 година. Пред него сите товари за станицата беа испорачувани со бродови од серијата Прогрес М-М.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња