Единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ би требало да биде стациониран во Средоземното Море со цел да се заштитат националните интереси на Русија во регионот, изјави претседателот на комитетот на Државната дума за одбрана, поранешен командант на Црноморската флота на Русија, адмиралот Владимир Комоедов.
„Според мое мислење, „Адмирал Кузнецов“ би требало постојано да се наоѓа во Средоземното Море и да не го напушта овој регион за да обезбеди решавање на задачите во интерес на безбедноста на Русија. Екипажот на бродот треба да се ротира, додека бродот треба да остане во Средоземното Море. Разбирливо е дека пред тоа носачот на авиони треба да биде во соодветна состојба“, изјави Комоедов, пренесува „Взгљад”.
Тој потврди дека Министерството за одбрана на Русија планира наесен да го испрати носачот на авиони во мисија во Средоземното море. „Да, постои таков план, според планот бродот треба да отиде во Средоземното Море, но не знам дали техничката состојба во која се наоѓа ќе му го дозволи тоа“, изјави поранешниот командант на Црноморската флота на Русија.
„Адмирал Кузнецов“ во моментов се наоѓа во Баренцовото море на тестирање по ремонтот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче