РФ ќе испорачува гас по „Јужен тек“ во случај на интерес од Бугарија у ЕУ

Русија е подготвена за изградба на „Јужен тек“, изјави министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

Русија е подготвена да обезбеди изградба и испораки на гас по „Јужен тек“ доколку Бугарија и ЕУ го потврдат интересот за проектот, изјави министерот за енергетика на РФ Александар Новак во интервју за телевизијата „Русија 24“, пренесува „Интерфакс“.

„Гаспром“ заедно со европските партнери планираше изградба на гасоводот „Јужен тек“ со капацитет од 63 милијарди кубни метри гас преку Бугарија во Европа. Сепак поради ставот на Европската комисија Русија се окажа од овој проект и почна да работи на проектот „Турски тек“ – преку Турција во Европа.

Дозволата за изградба на „Турски тек“ беше поврзана со доделувањето  попуст за испораката на руски гас за Турција. Разговорите беа прекинати со изборите и промената на власта во Турција. Потоа односите на двете земји се влошија по соборувањето на рускиот Су-24 од страна на турското воздухопловство.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња