Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Москва не се откажала дефинитивно ни од „Турски тек“, ни од проектот „Јужен тек“. За двата проекти е потребна јасна позиција на Европската унија, пишува „Взгљад“.
Претходно на 1 јуни заменик-министерот за надворешни работи на Грција Никос Ксидакис изјави дека проектот „Јужен тек“ не е дефинитивно мртов и дека неговиот развој е можен, и покрај тоа што ова прашање не е на агендата на Европската комисија.
На 27 мај претседателот на Русија Путин изјави дека Москва е согласна да го разгледа секој енергетски проект за јужната маршрута доколку добие од Европа гаранции за негова реализација.
На 26 мај помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков соопшти дека новиот гасовод од Русија до Грција може да поминува преку територијата на Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче