Русија воведува телепортација до 2035 година

До 2035 година Русија може добие свој програмски јазик, оператор за врска од нов тип, како и телепортација,

Меѓуресорната работна група со учество на вицепремиерот на руската влада Аркадиј Дворкович се запозна денеска со програмата „Национална технолошка иницијатива“, според која до 2035 година Русија може добие свој програмски јазик, оператор за врска од нов тип, како и телепортација, соопштува „Комерсант.

Во рамките на програмата изготвена од Агенцијата за стратешки иницијативи, до 2025 година во Русија може да се појави инфраструктура за мобилна врска  5G, а исто така можна е и инсталација на единствена мрежа за заштита од киберзакани за цивилна намена. До 2035 година авторите на програмата планираат да активираат во земјата невроинтерфејси, квантни пресметки и да ги искористат појавите инспирирани од природата за пренос на информација.

Според информациите на изданието, во наредниве две години се планира да се потрошат околу 10,8 милијарди рубли (околу 250 милиони евра) на програмата, од кои над седум милијарди рубли треба да бидат издвоени од федералниот буџет, а останатите средства – од приватни инвеститори.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња