Путин: НАТО ја засилува агресивната реторика

Рускиот лидер Владимир Путин изјави дека Русија мора да ја зголеми својата одбранбена способност.

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека НАТО ја засилува агресивната реторика и активностите до границите на Русија и затоа мора да се преземат мерки за зајакнување на безбедноста, пренесува „Интерфакс“.

„Не гледаме позитивна возвратна реакција. Напротив, НАТО ја засилува својата агресивна реторика и своите агресивни дејствија веќе во близина на нашите граници. Во тие услови ние сме должни да посветиме особено внимание на решавање на задачите поврзани со зголемувањето на одбранбената способност на нашата земја“, изјави Путин на седницата на Државната дума во средата – на годишнината од почетокот на Големата Татковинска војна.

Тој потенцира дека Русија е отворена за дискусија за новиот вонблоковски систем за колективна безбедност во светот, меѓутоа забележа дека засега Западот не ја перципира позитивно таа иницијатива.

„Неопходно е да се создаде современ вонблоковски, ист за сите држави систем на колективна безбедност. Русија е отворена за дискусија за ова важно прашање и многупати ја има искажано својата подготвеност за дијалог“, изјави претседателот на РФ.

Според Путин, основна закана за безбедноста во светот претставува тероризмот, и меѓународната заедница треба да ги консолидира напорите и да не ги дозволи грешките од минатото, вклучувајќи ги и неединството и идеолошките разногласија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња