Медиум: Двојните стандарди на НАТО можат да доведат до војна со Русија

Северноатлантскиот пакт треба помалку да ја притиска Русија и да се однесува со почит спрема нејзините интереси и сфери на влијание, пишува магазинот „Национален интерес“.

Западните лидери демонстрираат рамнодушност за мислењето на Москва, решавајќи се за распоредување на дополнителни четири баталјони на НАТО на западните граници на Русија, се вели во статијата на „Национален интерес“..

Во Алијансата се уверени дека демонстративната решителност може да влијае врз Москва, но малкумина во Европа и САД сфаќаат дека ширењето на НАТО кон исток од страна на Русија се гледа како на директна закана за националната безбедност.

Авторот на статијата Тед Гален Карпентер смета дека шефовите на западните земји треба да ја променат нивната позиција во однос на Русија, инаку заладените односи со Русија се закануваат да прераснат во студена војна од целосен размер, а ескалацијата на конфликтот да доведе до вистински борбени дејствија.

Американските власти одбиваат да ѝ призна на Москва дури и најмала сфера на влијание по должината на руската граница, прецизира изданието. Истовремено за ова прашање републиканците и демократите истапуваат како обединет фронт, класифицирајќи ја природната повратна реакција на Москва како „агресија“.

Карпентер укажува на фактот дека денешна Русија е далеку од месијанизмот на Советскиот Сојуз, кој се обидуваше да го прошири влијанието врз максимален број на земји. Приоритетите на денешна Русија се фокусирани на Источна Европа, Централна Азија и Црното Море – зоните на нејзиниот историски стратешки интерес. Наводните жестоки дејствија на Русија во Јужна Осетија, Абхазија и Крим имаат поголема основа отколку присилното отцепување на Косово од Србија со поддршка на НАТО, истакнува авторот.

Американците треба да се запрашаат која е причината што Украина, Грузија и балтичките земји почнаа да стануваат дел од виталните интереси на САД. Треба ли да се преземе ризикот од воена конфронтација со Русија за доброто на нивната безбедност? Мудроста на големите сили се состои во почитувањето на сферите на влијание на другите големи сили, заклучува авторот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња