Иницијативата во прашањето за укинување на антируските санкции не треба да дојде од Руската Федерација, туку од оние кои ги воведоа. Ова го изјави за новинарите министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев на маргините на Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург. Така тој ја коментираше изјавата на поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој ја повика Русија прва да го укине ембаргото на прехранбени производи против ЕУ и со тоа да му даде пример на Брисел.
„Инцијативата за влегување (во оваа ситуација) беше на страната на нашите партнери, иницијативата за излегување треба да биде од нивна страна“, рече Уљукаев, пренесува ТАСС.
Министер додаде дека во моментов властите на РФ не го разгледуваат прашањето за укинување на „контрасакциите“. Министерството за економски развој, напротив, веќе подготвува предлог-проект за продолжување на ембаргото на прехранбени производи, истакна тој.
Одговарајќи на прашањето дали ќе се промени важечкиот список на земји и стоки кои подлежат на ембаргото, Уљукаев рече: „Практично не“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче