Меѓународниот економски форум отворен во Санкт Петерсбург
ТАССВодечките економисти се собраа во Санкт Петербург со цел да продискутираат за иднината на светската економија во рамките на дваесеттиот Меѓународен економски форум, кој се отвори на 16 јуни. Во работата на форумот учество ќе земат рускиот претседател Владимир Путин, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и првиот човек на Европската Комисија Жан Клод Јункер. Како што претходно изјави портпаролот на претседателот Владимир Путин Дмитриј Песков, во рамките на официјалните средби шефот на државата ќе ја разгледа иднината на проектот на гасоводот Северен тек-2 од Русија кон Европа по дното на Балтичкото море. Втора тема ќе бидат взаемните санкции помеѓу Русија и Европската Унија, кои во 2014 година беа воведени поради украинската криза.
Според експертот, дури и доколку на форумот не бидат дадени изјави за обострано омекнување на санкциите, благодарени на директните преговори помеѓу Владимир Путин и Жан Клод Јункер, односите помеѓу Русија и Европската Унија можат во голема мера да се подобрат. Работата е во тоа што од почетокот на украинската криза во 2014 година европски претставници од ваков ранг го немаат посетено форумот. „Не очекувам некако пробив, но кулоарските преговори, сепак, во иднина можат да влијаат врз извесно подобрување на ситуацијата во иднина“, вели финансискиот аналитичар на „Финам“ Тимур Нигматулин.
Не треба да се очекува омекнување на санкциите оваа година, се согласува Георгиј Вашченко, началник на управата за операции со руската берза на компанијата „Фридом Финанс“. Сепак, според него, тоа што на форумот ќе допатуваат високи гости, значи дека меѓу западните лидери не постои единствено мислење и дека дел од нив е подготвен за дијалог со Русија. На пример, италијанската делегација ќе ја предводи министерот на земјата Матео Ренци.
Во рамките на форумот традиционално се потпишуваат многу крупни инвестициски договори, меѓу кои и со привлекување на меѓународниот бизнис. Според Георгиј Вашченко, најверојатно во рамките на форумот ќе бидат потпишани договори во сферата на енергетиката, меѓу кои и со учество на гасниот монопол Гаспром и на најголемата нафтена компанија во земјата во сопственост на државата Роснефт. Вкупниот обем на потпишаните договори може да ја надмине сумата од 4 милијарди американски долари, вели Вашченко. Еден од најкрупните проекти може да стане изградбата на терминал за производство и за транспорт на течен природен гас помеѓу Гаспром и Royal Dutch Shell на северозападот од земјата. Според Тимур Нигматулин, имено потпишувањето на ваков договор може да стане клучен настан на форумот. „Во моментов е познато дека вкупната моќност на двете линии на фабриката на првата етапа изнесува 10 милиони тони течен природен гас годишно со можност за проширување“, вели тој. Старувањето на фабриката се очекува кон крајот на 2021 година.
Оваа година земја која ќе биде официјален гостин на форумот е Италија, па затоа во работата на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум учество ќе земат 22 водечки компании од земјата, меѓу кои банката Intesa Sanpaolo, производителот на шини LLC Pirelli Tyre Russia, енергетската компанија Enel, доставувачот на опрема и уреди за металуршката индустрија Danieli и други. Од своја страна делегацијата на Венецуела ќе ја предводи министерот за нафта на земјата Еулохио дел Пино, кој планира средби со првиот човек на руското Министерство за енергетика Александар Новак и со претседателот на Роснефт Игор Сечин. Калушката област која се наоѓа на југозападот од Москва и е позната според производството на автомобили, ќе има преговори за проектот „Нов Пат на свилата“ со првите луѓе на Руските железници и Самсунг, а Московската област се надева на конкретни договори во сферата на индустријата, на земјоделството и на создавањето инфраструктура.
Впрочем, според податоците на Финам, од година в година бројот на потпишани договори расте, но нивната сума опаѓа. Во 2013 година на форумот беа потпишани 102 договора со вкупна сума од 9.5 билиони рубљи (146 милијарди американски долари), во 2014 175 договори со вкупна сума од 401.4 милијарди рубљи (6.1 милијарда американски долари), а во 2015 година 205 договори со вкупна сума од 293.4 милијарди рубљи (4.5 милијарди американски долари).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче