„Светската економија чувствува сѐ поголемо влијание на политичките и социјалните фактори, а предизвиците кои стојат пред неа бараат усогласени акции за одржлив и балансиран раст. Неопходно е заеднички да се бараат дополнителни стимули за развој, поцелосно да се реализираат индустриските, научните и техничките, иновативните потенцијали на земјите и интегративните структури, навремено да одговорат на променливата конјунктура на пазарите и предложената трансформација на глобалната технолошка структура“, се вели во поздравниот говор на претседателот на Руската Федерација до учесниците, организаторите и гостите на XX Меѓународен економски форум што се одржува во Санкт Петербург, соопштува прес-службата на Кремљ.
Шефот на руската држава истакна дека од година в година форумот станува сѐ повеќе авторитетен и влијателен. На неговите маргини се дискутираат најострите, најитните проблеми на современоста, кога руски и странски политичари, претставници на бизнис заедницата и општествените организации го споделуваат нивното искуство, нудат пробивни решенија во различни области на економијата.
Путин додаде дека учесниците и гостите на форумот ги чека исклучително богата програма. Меѓу неговите активности се состаноци на деловните здруженија Г-20, БРИКС и ШОС, Русија и Казахстан, Италија, други земји како и специјална сесија на клубот Валдај и седница на Рускиот форум за мали и средни бизниси. Покрај тоа, за прв пат ќе се одржи конференција посветена на развојот на арктичките територии. По традиција, ќе се одржи церемонијата на доделување награди „Глобална енергија“ и „Наградата за развој“, бизнис-самитот на шефовите на најголемите енергетски компании“, заклучува рускиот лидер.
Јубилејниот XX-ти Петербуршки меѓународен економски форум (ПМЕФ) беше отворен во четвртокот и ќе трае до сабота, 18 јуни, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче