Сенатот на Франција со резолуција за омекнување на санкциите против Русија

Резолуцијата препорачува и укинување на персоналните санкции против руските парламентарци за олеснување на дијалогот меѓу двете земји.

Францускиот Сенат (горниот дом на парламентот) во средата со мнозинство гласови донесе одлука со повик за олеснување на санкциите против Русија, соопштува РИА „Новости“.

Во гласањето 302 сенатори го дадоа својот глас „за“, а 16 беа против.

Документот има карактер на препорака.

Неговите автори ја повикуваат владата на Франција, при разгледувањето на прашањето за санкциите во Брисел, да инсистира на постепено ублажување на режимот санкции во согласност со текот на исполнувањето на „Минската спогодба“ за решение во Украина.

Исто така резолуцијата препорачува укинување на персоналните санкции против руските парламентарци за олеснување на дијалогот меѓу двете земји.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.