Германија со три услови за поддршка на „Северен тек 2“

Германија постави три услови за реализација на „Северен тек 2“.

Германија ќе го поддржи проектот за изградба на гасоводот од Русија до Европа „Северен тек 2“ доколку бидат почитувани три услови, ги пренесува „Интерфакс“  зборовите на министерот за економија и енергетика на Германија Зигмар Габриел во пресрет на средбата со членот на Европската комисија за енергетски прашања Мигел Аријас Кањете.

„Германија постави три услови за поддршка на проектот: „Северен тек“ треба да ги задоволува условите на законодавството, да не претставува закана за транзитот на гас преку Украина и да ги ограничува испораките на гас во Источна Европа“, рече тој.

„За нас постои јасна правна позиција и јас сум сигурен дека оваа позиција ја споделува и правната служба на Европската комисија, дека гасоводот не е предмет на внатрешните правила на ЕУ (Третиот енергетски пакет)“, изјави тој.

Министерот истакна дека ќе се сретне во Берлин со Мигел Аријас Кањете, затоа што Европската комисија има голем број на прашања за кои се потребни одговори.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња