Песков ѝ одговори на Клинтон за „славјето во Кремљ“ ако победи Трамп

Во Кремљ не разбираат кој би можел да биде поводот за славење во Русија во случај да победи кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп, соопшти портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков ја коментираше изјавата на кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон дека евентуалниот избор на Трамп за претседател на САД ќе предизвика „славје во Кремљ“, затоа што тоа ќе ги ослаби САД.

Новинарите го прашаа Песков дали навистина Кремљ ќе слави.

„А по кој повод?“, реторички праша Песков, додавајќи дека не го разбира прашањето и не може да одговори на него. На тоа новинарите изјавија дека поводот, очигледно, го знае Клинтон.

Коментирајќи ја нејзината изјава, Песков потсети на континуираната позиција на Владимир Путин која се состои во тоа дека „Русија има корисна разлика од низа земји – ние никогаш не се мешаме во внатрешните работи на другите држави“.

„Затоа, се разбира, сметаме дека најдобар кандидат за претседател на САД ќе биде оној за кого повеќето Американци ќе гласаат при сите особености на изборниот систем на САД“, изјави Песков.

Претходно Клинтон изјави дека Русија и Кина не се пријатели и сојузници на Вашингтон, дека многу би им се допаднало ако на чело на САД дојде републиканецот Доналд Трамп. „Ако Доналд успее, во Кремљ ќе слават“ - рече Клинтон, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња