Британски пратеник: Санкциите против Русија се штетни и за нас

Британскиот пратеник од владејачката Конзервативна партија Даниел Кавчински истакна дека Украина, поради која беа и воведени рестрикциите против Русија, не се обидува да ги реализира обврските што ги презела.

Пратеникот во парламентот на Велика Британија од владејачката Конзервативна партија Даниел Кавчински во интервју за РТ изјави дека ситуацијата со санкциите против Русија е штетна како за Обединетото Кралство, така и за Русија.

Според зборовите на Кавчински, многу големи британски компании сметаат дека воведувањето на санкциите против Русија е грешка и дека е непрактично. Затоа сега, смета тој, многу е важно барем делумно да се нормализираат односите со РФ, која е еден од најважните стратешки партнери не само на Велика Британија, туку и на другите земји од Европа.

Пратеникот исто така истакнува дека Украина, поради која беа и воведени рестрикциите против Русија, не се обидува да ги реализира обврските што ги презела.

„Британските власти одамна требаше да сфатат дека Украинците не ги исполнуваат сите точки од Втората минска спогодба. Западните медиуми внимателно ја следат Русија и се натпреваруваат во критиката на сите нејзини потези, додека воопшто не  известуваат за неуспесите на Украина. Ми се чини дека санкциите логично и практично треба да влезат во завршна фаза. Не верувам дека Русија ќе го врати Крим. Русија е длабоко убедена дека Крим е нејзин неразделив дел. Така што ајде заедно да работиме на проблемите кои сѐ уште не се решени со Минската спогодба и да се обидеме што побрзо да воспоставиме нормални трговски односи меѓу нашите земји“, изјави Кавчински.

Односите меѓу Русија и НАТО британскиот политичар ги спореди со буре барут.

„Секој кој не сака попуштање на затегнатоста меѓу Русија и НАТО, како што ми се чини, си игра со оган. Во последно време често слушаме за пресретнување во воздух меѓу руски и НАТО авиони на небото над Балтичкото море. Таа ситуација личи на буре барут. Ајде да не заборавиме дека двете страни имаат нуклеарно оружје кое е доволно потполно да се уништат меѓу себе“, предупредува британскиот парламентарец.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња