Песков го нарече настапот на Лазарев „блескав“

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека рускиот пејач Сергеј Лазарев имал прекрасен настап на Евровизија.

„Аматерски кажано, се разбира, сите навивавме за нашиот изведувач, и тој настапи прекрасно, блескаво“, рече Песков, воздржувајќи се од коментари во однос на исполитизираноста на „Евровизија“, објаснувајќи го тоа со фактот дека тој не е експерт за натпревари по пеење и не би сакал да дава аматерски оценки.

Според зборовите на Песков, засега е сложено да се каже дали ќе има руски учесник во Украина догодина.

„Не можам да кажам. Верувајте ми, тие одлуки не се носат во Кремљ. И повторно, немам што да коментирам во оваа ситуација“, рече Песков, пренесува „Взгљад“.

Претходно во понеделникот министерот за култура на РФ Владимир Медински изјави дека неговиот ресор ја разгледува можноста за учество на руски претставник на Евровизија која треба да се одржи идната година во Украина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња