Како што пренесува „Известија“, производственото ембарго кое Русија го воведе како одговор на санкциите има силен ефект врз италијанските производители. Шефот на италијанската влада ќе биде на чело на делегацијата на која првпат годинава ѝ е доделен посебен статус на „земја-гостин“.
Информацијата дека производственото ембарго ќе биде клучни ја потврди високопоставен функционер од Италија. Тој исто така истакна дека во италијанското општество расте незадоволството поради влијанието на ембаргото и санкциите врз економијата на Италија.
Претставници на бизнисот ја потврдуваат вознемиреноста по повод влијанието на сакциите и антисанкциите. Според директорот на асоцијацијата „Да ја запознаеме Евроазија“ професорот Антонио Фалико, геополитичката криза предизвикана од „украинското прашање“, економските санкции воведени од ЕУ против Русија во 2014 година, и возвратната реакција на Москва ја чинат Италија 3,6 милијарди евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче