На крајот на 2015 година Русија го зазеде 10 место на рејтинг-листата на најпосетени земји: минатата година земјата ја посетиле над 3,16 милиони странски државјани, пишува „Взгљад“.
На прво место се најде Франција, која минатата година ја посетиле 86,3 милиони туристи. На второ место се САД (77,9 милиони посетители), додека трета е Шпанија (68,1 милиони).
Исто така, на листата најпосетувани земји се најдоа и: Кина (56,9 милиони), Италија (50,8 милиони), Турција (39,3 милиони), Германија (35 милиони), Велика Британија (33,9 милиони) и Мексико (32,4 милиони).
Хотелскиот пазар на Русија, кој меѓу првите настрада во текот на кризата, почна да заживува. Најголем пораст забележуваат луксузните хотели, каде нивото на сместување го достигна деценискиот максимум благодарение на самите Руси, кои патуваат во внатрешноста на државата, повисоките буџети на големите компании и азиските туристи кои сега ги гледаат Москва и Санкт Петербург како привлечни дестинации за шопинг.
На 21 април Рускиот сојуз на туристичката индустрија (РСТ) соопшти дека уделот на странски тури во продажбите на туристичките агенции последниве две години се намалува, додека на домашниот туристичкиот производ се зголемува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче