Горбачов не ја отфрла од себе одговорноста за распадот на СССР

„Не можам да ја отфрлам од себе одговорноста за ништо“, изјави последниот претседател на СССР Михаил Горбачов.

Последниот претседател на СССР Михаил Горбачов изјави дека не може да ја отфрли од себе одговорноста за распадот на Советскиот Сојуз, пренесува РИА „Новости“.

Во понеделникот во Московската школа за економија на МГУ се одржа презентација на книгата „Горбачов во животот“, а гостин беше поранешниот претседател на СССР. Тој разговараше со студентите и одговараше на нивните прашања.

„Не можам да ја отфрлам од себе одговорноста за ништо. Но како прво, кога би ги читале моите книги: на пример, има книга „СССР можеше да се зачува“, таму сѐ е наведено во детали, кој со што се занимаваше и што вложи во таа приказна – кои свои влогови“, одговори Горбачов на прашањето на еден од студентите за тоа дали се смета одговорен за распадот на СССР.

Тој истакна дека двапати или трипати ја напуштал парламентарната комисија на чие чело бил самиот тој, „но по некое време доаѓаа ту Елцин со некого, ту уште некој: вратете се“.

„Велам: сносете ja вашата согласност. Ако сте за тоа Сојузот да се замени со некаква каша или некаква магла, тогаш јас сум против. Се трудев да го зачувам, но не успеав да го сторам тоа. Не можев да се справам со нив. Тие сакаат да се направат херои, но што направија тие херои, долго време ќе ни треба за да разбереме“, рече Горбачов.

„Не, мислам, еве за што сносам  (одговорност). Мене никој не ме тргна од работата, јас самиот си заминав, затоа што не можев да се справам со нив“, додаде тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња