Странските превозници ќе плаќаат двојно повеќе за превоз низ Русија

Владата на Русија го зголеми износот на таксата од 60 на 120 илјади рубли годишно. Исто така е проширен и списокот со држави кои треба да плаќаат за превоз.

Владата на Русија го зголеми двојно износот на таксата за странските превозници кои вршат транспорт по патиштата во Русија – од 60 на 120 илјади рубли годишно, пишува во соопштението објавено на сајтот на владата.

Дневниот износ на таксата порасна од 385 на 850 рубли. Овие такси важат за товарни возила кои превезуваат товар од 3,5 до 12 тони.

Владата исто така го прошири списокот на држави кои треба да плаќаат такса. На листата се најдоа Латвија и Литванија. Во објаснувањето се вели дека тоа е одговорна мерка на дејствијата на балтичките земји.

Од 1 јули 2014 година странските превозници, вклучително и руските, се должни да им платат на латвиските власти од 8 до 11 евра дневно (484 до 925 евра годишно) во зависност од бројот на оски и нивото на издувни гасови од моторот на транспортното средство. Во Литванија таквите правила почнаа да важат од декември 2015 година. Во таквите случаи руското законодавство предвидува воведување симетрични мерки, истакнуваат од руската влада.

Исто така, владата на РФ смета дека новите правила ќе овозможат зголемување на приходите на Федералниот фонд за патишта, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња