На почетокот на 2016 година руската економија се најде во кризна ситуација и тоа според неколку показатели одеднаш. Според резултатите за годината падот на БДП изнесува 3.7%, трговијата на мало падна за 10%, а инвестициите се намалија за 8.4%.
Во една ваква ситуација владата побара од сите министерства да ги намалат расходите. Намалувањето изнесува околу 0.9% од БДП и овозможува да се задржи дефицитот на буџетот во рамките на 3% Сепак откако во јануари цената на нафтата од марката Брент падна на 30 американски долари за барел (ова може да повлече понатамошно забавување на руската економија, која е врзана за цената на нафтата), во владата решија да изработат специјален антикризен план.
Основната идеја на планот е да се одделат 737 милијарди рубли (9.29 милијарди американски долари) за поддршка на индустријата. Пари ќе добијат четири основни гранки: автомобилската, транспортната машиноградба, станбеното градежништво и лесната индустрија.
За разлика од минатата година, владата се обидува да му помогне на реалниот сектор на економијата без учество на банкарскиот сектор. Ако во 2009 и во 2014 година властите најголем дел од антикризните средства ги насочуваше преку капитализација на банките и стимулирање на кредитирањето, сега станува збор за најразлични гаранции, државни договори итн. Односно, претпријатијата директно ќе ги добиваат парите, без учество на кредитните организации, а кому ќе му бидат доделени овие милијарди, ќе решава непосредно владата.
1. Зголемување на даноците
Во моментов во Русија функционира данок на додадена вредност од 18%. Уште во 2014 година, владата ја разгледуваше можноста за покачување на ДДВ на 20%.
Како алтернатива се разгледува воведување данок на продажба, како во САД, на ниво од 3%. Сепак против данокот на продажба се изјаснуваат независните економисти. Работата е во тоа што ваков данок во Русија постоеше во деведесеттите години од минатиот век, и неговото плаќање не надминуваше 30%, односно две третини од населението не го плаќаше.
Точка на дискусијата стави претседателот Владимитр Путин: во јуни 2015 година претседателот на земјата вети дека во следните четири години Русија нема да ги зголемува даноците.
Русија има рекордно ниско ниво на државен долг – околу 12% од БДП. Според пресметките на поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин, безболното ниво на државниот долг на земјата изнесува 30% од БДП. Со оглед на тоа дека буџетот на Русија според резултатот од 2015 година изнесувал околу 75 билиони рубли (945 милијарди американски долари, руските власто можат спокојно да позајмат 170 милијарди долари на надворешниот пазар.
Сложеноста е во тоа што во моментов руската економија е под санкции. Згора на тоа, меѓународните рејтинг-агенции постојано ги намалуваат прогнозите за нејзин развој. Така, на 2 февруари 2015 година агенцијата Fitch Ratings ја намали оценката за состојбата на руската економија во тековната година од пораст за 0.5% до намалување од 1%. Ова неизбежно се одразува на цената на земените средства.
Русија е светски лидер според делот од БДП насочен на националната одбрана и на армијата. Без оглед на падот на БДП, обемот на руските расходи во оваа област само расте. Во 2016 година тој ќе достигне 4.5% од БДП – процентуално ова е повеќе одошто во САД и во Кина. Притоа секвестрацијата на буџетот не се однесува на расходите за армијата.
Друга привилегирана категорија граѓани се пензионерите: владата секоја година ја индексира пензијата во согласност со растечката инфлација. Алтернативно решение би било зголемување на возраста за пензија и намаливање на расходите во одбраната. Приоритет во поддршката во ваков случај би требало да има образованието – за неопходноста од ваква преориентација на буџетот на почетокот на јануари 2016 година зборуваше првиот човек на најголемата банка во земјата „сбербанк“ и поранешен министер за економски развој Герман Греф.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче