Поклонскаја со совет до Стејт департментот на САД

Стејт департментот на САД, кој го смета Меџлисот на кримските Татари за демократска организација, треба да создаде Меџлис на своја територија, изјави обвинителката на република Крим Наталија Поклонскаја.

„Ако на Стејт департментот на САД му е неопходна таква организација, општествена организација како Меџлисот на кримско-татарскиот народ и тие ја сметаат неговата активност за демократска, тогаш во својата земја нека си создаваат такви организации“, изјави Поклонскаја.

Обвинителката на република Крим, која со својата одлука ја запре работата на Меџлисот сѐ до пресудата на Врховниот суд на Крим, истакна дека Стеј департментот не обрнува внимание на криминалната дејност на наведената општествена организација која има систематски карактер.

„На 21 ноември (2015 година) извршија диверзантски чин. На границата со Крим од насока на Херсон активно соработуваат со терористички организации како што се „Сиви волци“ и „Хизб ут-тахрир“. Претседателот на Меџлисот склучува договор со Коломојски, искажуваат закани за вооружени напади... Затоа одлуката беше донесена врз основа на тоа што нивната активност има криминален карактер“, изјави Поклонскаја.

Портпаролот на претседателот на руската држава Дмитриј Песков истакна дека одлуката за Меџлисот на кримските Татари претставува внатрешна работа на Русија и Москва нема да го слуша мислењето на други земји во однос на ова прашање, пишува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња