Руските ракетни системи С-300 беа покажани во неделата на воената парада во Техеран по повод празнувањето на Националниот ден на армијата. Според информациите на „Мехр“ и „Тасним“, само дел од системите беше првпат јавно покажан. Церемонијата се одржа пред мавзолејот на основачот на Исламската република – ајатолахот Хомеини.
На парадата присуствуваше претседателот на земјата Хасан Рухани, кој ја отвори парадата со поздравен говор.
Првите руски ракетни системи беа доставени на Иран на 11 април, пишува „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче