Русија ги испорача првите С-300 на Иран

Втората партија С-300 треба да пристигне во Иран во најскоро време. Техеран очекува целосна реализација на договорот вреден 900 милиони долари во првата половина на 2016 година.

Портпаролот на МНР Иран Хусеин Џабар Ансари соопшти дека првата партија ЗРК С-300 веќе пристигнала во земјата.

„Претходно објавивме дека договорот, без оглед на некои пречки во минатото, се наоѓа во стадиум на реализација, и денеска изјавувам дека првата партија од оваа опрема веќе пристигна во Иран, испораката на другата партија ќе продолжи во иднина“, пишува РИА „Новости“.

Русија и Иран склучија во 2007 година договор за испорака на С-300 во вредност од околу 900 милиони долари. Сепак по резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за Иран во јуни 2010 година, беше запрена воена-техничката соработка.

Иранската страна очекува завршување на испораките во првата половина на 2016 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња