Околу 200 милијарди загубиле Русите кои го избрале кумулативниот пензиски систем, изјави вицепремиерот на РФ Олга Голодец на Неделата на рускиот бизнис, пишува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Загубите настанале поради тоа што недржавните пензиски фондови и управувачките компании неефективно располагале со парите на идните пензионери. И во моментов воопшто не е јасно кој треба да ги им ги компензира на граѓаните овие загуби.
Вицепремирот потсети дека според законот на вложувачите им е гарантирана само номиналната сума, наведена во Недржавниот пензиски фонд (НПФ) или управувачката компанија.
„Помислете си што ќе претставуваат овие пари во номинална вредност по 10-20-30 лет. Тие во суштина се обезвреднуваат“, изјави вицепремиерот.
Таа истакна дека проблемите настануваат особено и поради тоа што отсуствуваат директни договори меѓу граѓаните кои ги избрале кумулативните пензии и НПФ. На тој начин, овој систем треба уште да се подобрува. И сега се дискутира на разни нивоа во владата за тоа како треба да се направи тоа.
Голодец исто така истакна дека донесената во 2012 година пензиска стратегија била одобрена не само од владата, туку и од синдикатите и работодавачите. И таа беше добра сѐ до 2015 година, додека не настана девалвација на рубљата. И во моментов нема никакви предлог-закони од страна на владата кои би ја укинале или препишале пензиската стратегија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче