„Категорично не се согласуваме со тоа Русија да има какво било право да претендира на Крим. Затоа, за жал, на Крим добивме уште еден замрзнат конфликт на територијата на Европа, покрај веќе постојните конфликти во Абхазија, Јужна Осетија и Приднестровје“, изјави Рајс во интервју за украинска „Европска правда“.
Според тоа, таа не гледа можност кримското прашање да биде брзо регулирање, но вети дека САД и понатаму нема да го признава Крим под јурисдикција на Русија, како и дека санкциите против Русија нема да бидат укинати.
Кондолиза Рајс исто така се надева дека Крим ќе се врати во состав на Украина, но нагласува дека тоа во многу нешта зависи од самите власти во Киев.
Меѓутоа, Рајс пред неколку денови даде низа изјави кои украинските медиуми не сакаа да ги пренесат, сметајќи ги за премногу навредливи.
„Колку и да сте незадоволни, погледнете како е во Либерија“, им порача Рајс на Украинците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче