Серена Вилијамс ја пофали Шарапова за чесноста

Американската тенисерка Серена Вилијамс ѝ искажа поддршка на Марија Шарапова по повод обвинувањата за допинг.

Првиот женски рекет на светот, Американката Серена Вилијамс ѝ даде поддршка на Русинката Марија Шарапова по повод обвинувањата за допинг, соопшти „Ројтерс“.

„Бев изненадена и потресена од тоа што Шарапова падна на допинг-тест. Но мило му е што таа покажа чесност и голема храброст, преземајќи ја целосната одговорност за она што се случило“, изјави Вилијамс.  

Претходно во вторникот германскиот производител на автомобилите „Порше“ соопшти дека ја прекинува соработката со руската тенисерка Марија Шарапова. Истото го сторија и швајцарската компанија-производител на часовници „Таг Ојер“ и американската компанија за производство на спортска облека и обувки „Најк“, пишува „Лента.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња