„Огорчени сме и изненадени од вестите за Марија Шарапова. Одлучивме да ја прекинеме врската со Марија до завршувањето на истрагата. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, се вели во изјавата на „Најк“ што ја пренесе американската телевизија „Си-Ен-Би-Си“.
Како што пишува „Блумберг“, Шарапова може во најскоро време да загуби 298 илјади долари. Оваа сума таа ја доби како награда за учеството на Отвореното првенство на Австралија.
Во јуни 2015 година Шарапова беше прогласена по 11 пат за најбогата спортистка според „Форбс“. Како што пресмета весникот, претходната година таа заработила 29,7 милиони долари. Притоа само 6,7 милиони долари изнесувале наградите од тениските турнири на кои учествувала. Рекламните договори ѝ донеле на тенисерката 23 милиони долари, пренесува РБК.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче