Извор: ЕУ во четврток без дискусија ќе ги продолжи антируските санкции

Санкциите на ЕУ против граѓани на Русија и Украина ќе бидат продолжени до 15 септември против 146 физички и 37 правни лица, соопштија извори во ЕУ.

Санкциите на Европската унија против државјани на РФ и Украина кои ЕУ ги смета за одговорни за поткопување на територијалниот интегритет на Украина ќе бидат формално продолжени без дискусија. На списокот остануваат 146 физички и 37 правни лица, изјавија за РИА „Новости“ извори во ЕУ.

„Одлуката ќе биде формално одобрена во четвртокот, тоа ќе биде внесено на списокот со прашања „А“ (усвојувани без дискусија) на состанокот на Советот за внатрешни работи и правда. Тројца од списокот се исклучени, затоа што се починати“, изјави дипломатскиот извор во ЕУ кој посака да остане анонимен. Според неговите информации, санкциите ќе бидат продолжени до 15 септември.

Тој исто така соопшти дека комитетот на постојаните претставници на ЕУ ќе го одобри продолжувањето на санкциите во среда наутро, исто така без дискусија. Нормативниот документ веќе е усогласен од работната група.

И друг извор ги потврди информациите за продолжувањето на санкциите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња