Русија загрижена поради исламистичката активност на Косово

Постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин, зборувајќи на седницата на Советот за безбедност на ООН, го издвои проблемот за користење на територијата на Косово од страна на исламистичките групи за врбување и обука на борци.

Постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин, зборувајќи на седницата на Советот за безбедност на ООН, го издвои проблемот за користење на територијата на Косово од страна на исламистичките групи за врбување и обука на борци. Според неговите зборови, за тоа придонесува отсуството на реалното владеење на правото на Косово, пренесува „Взгљад“.

„Нов алармантен сигнал, од оваа гледна точка, е приведувањето на крајот на јануари кај манастирот Високи Дечани на група вооружени исламисти кои, според некои податоци, имале симболи на „Исламската држава“. Сметаме дека овој случај ќе биде детално истражен, а идентификуваните канали за навлегување и логистика на екстремистите пресечени“, потенцираше рускиот дипломат.

Пред еден месец КФОР и полицијата на Косово спречија напад на исламисти врз православниот манастир Високи Дечани. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња