LADA Vesta и XRay ќе се извезуваат во Сирија и Либан

АвтоВАЗ планира да започне извоз на автомобили во Сирија и Либан, пренесуваат медиумите повикувајќи се на прес-службата на концернот.

АвтоВАЗ планира да започне извоз на автомобили во Сирија и Либан, пренесуваат медиумите повикувајќи се на прес-службата на концернот. 

Според зборовите на претставник на концернот, пласманот ќе се реализира со помош на увозните компании на „Нисан“. Датумот на почеток на испораките, како и нивниот обем, засега не се прецизирани.

Според наводите на агенциите, алијансата Рено-Нисан ја поддржува компанијата АвтоВАЗ во проширувањето на увозниот пазар на руски автомобили. Така минатата година концернот доби можност да ги користи услугите на најдобрите меѓународни увозници на алијансата. Исто така, обновен е и пласманот на возила во Унгарија и Египет и започна извозот во Тунис.

Годинава рускиот автомобилски концерн, според зборовите на претседателот на АвтоВАЗ Бо Андерсон, планира речиси двојно да го зголеми извозот на автомобили во Египет. Исто така, се очекува  во 2016 година за почне пласманот на новите модели LADA Vesta и LADA XRAY, кои од април ќе се извезуваат во европските земји, пишува „Аргументи и факти“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња