Министерството за инфраструктура на Украина соопшти дека Москва и Киев постигнаа договор за непречено враќање на блокираните камиони во своите земји.
Украинското министерство исто така истакна дека блокираните шлепери ќе можат да се вратат во Русија и Украина во периодот од 16 до 25 февруари, пренесува „Взгљад”.
Киев ќе обезбеди придружба за околу 600 руски камиони до границата со Русија или Белорусија..
Претходно Министерството за сообраќај на Русија соопшти дека очекува сите руски камиони да ја напуштат територијата на Украина во текот на денешниот ден.
На 1 февруари престана важењето на дозволата за сообраќај на товарни возила меѓу Русија и Полска. Страните засега не постигнаа договор за продолжување на соработката. Од тој ден камионите на двете земји не можат да ја преминат границата на другата земја. Во последно време активно се користи маршрутата преку Закарпатската област на Украина. Но в петокот, 12 февруари, украинската погранична служба соопшти дека на влезот во Закарпатската и Волинската област се задржани руски камиони поради акцијата на националистите кои го блокираа влезот на украинска територија.
Русија како одговор на незаконската блокада на руските камиони го запре сообраќајот на своја територија за камионите што се регистрирани во Украина. Министерството за сообраќај на Русија соопшти дека оваа мерка ќе биде укината штом владата на Украина ја информира Русија кога ќе биде обновен товарниот сообраќај од Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче