Кремљ: Русија ќе одговори на украинската блокада на камионскиот транспорт

Дмитриј Песков го нарече „беззаконие“ блокирањето на движењето на руските камиони на територијата на Украина и изјави дека Министерството за транспорт на РФ ќе преземе енергични мерки за надминување на кризата.

Министерството за транспорт на РФ ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се надмине ситуацијата со руските камиони во Украина и ќе обезбеди соодветен одговор во случај на несакан развој на настаните, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

Претходно поради неможноста за транзит на руските камиони преку Полска почна активно да се користи рутата преку Задкарпатје. Меѓутоа, од минатиот четврток учесниците во блокадата на транзитот на руски стоки преку територијата на Украина не ги пропуштаат руските камиони преку западните и северните области на земјата.

Русија како одговор на незаконското блокирање на руските камиони го запре движењето на камиони регистрирани во Украина, соопшти во неделата Министерството за транспорт на РФ. А владата на Украина во понеделникот донесе одлука да се запре транспортот на руски камиони на територијата на земјата до моментот на добивање од РФ објаснување и решение за транзитот на украинските камиони.

„Знаете за изнудените контрамерки што ги објави Министерството за транспорт. Несомнено, ова е апсолутно нечуено, кога при премолчена согласност на властите на Украина да се прави вакво беззаконие против нашите превозници – тоа, се разбира, е недозволиво“, рече Песков.  

„Ние многу внимателно ја следиме ситуацијата. Поаѓаме од тоа што во Министерството за транспорт се преземаат енергични мерки за одблокирање на оваа ситуација – како прво. Второ, се разбира, за обезбедување адекватни возвратни мерки во случај на несакано продолжение на кризната ситуација“, додаде портпаролот на претседателот на РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња