Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков ја нарече „глупост“ изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за пораст на напрегнатоста во Сирија поради руското присуство, пренесува РИА „Новости“.
Претходно Столтенберг изјави дека нападите што ги врши руската воена авијација „во основа се насочени против опозициските групи во Сирија“, а „зголеменото руско присуство во воздушните активности во Сирија исто така претставува причина за нараснатата напрегнатост и нарушувањето на воздушниот простор на Турција“.
„Благодарение на дејствијата на руските ВКС само за неколку месеци Сиријците поверуваат дека сепак е можно да се борат и да го уништат меѓународниот тероризам во нивната земја. И, како последица на тоа, почнаа да размислуваат за иднината на Сирија. Што се однесува до резонот на Столтенберг за пораст на „напрегнатоста“ во регионот поради руското присуство во Сирија, тоа е глупост“, изјави Конашенков.
Според неговите зборови, извор на кризата во Сирија не е операцијата на руските ВКС, туку „непромислената активност на земјите на НАТО кои го фрлија блискоисточниот регион во хаос“.
„Згора на тоа, пред појавата на руската авијација во Сирија токму земјите на НАТО речиси три години изигруваа уништување на меѓународниот тероризам во вид на циркуска борба“, рече тој.
Како што истакна Конашенков, сето тоа време никој на Запад не размислувал за преговори во Сирија, „се прецизираа само роковите за конечен распад на земјата според либиското сценарио, каде токму земјите на НАТО непречено воспоставуваа „демократија“ според западен стандард“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче