Пушков: Ердоган оди по патот на заострување на ситуацијата

Претходно портпаролот на турскиот претседател изјави дека Ердоган се обидува да воспостави телефонска врска со претседателот на Русија Владимир Путин, но дека Москва „не реагира“.

Претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков на својот Твитер-профил напиша дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оди по патот на заострување кога му дозволува на својот портпарол да суди за Русија.  

„Анкара се обидува да провоцира кога му дозволува на портпаролот да изговара тешки обвинувања. Ердоган оди по патот на заострување на ситуацијата. Не може портпаролот на Ердоган да суди за Русија. Степенот на нејзината сериозност може да се види од потезите во Сирија, припојувањето на Крим и водечката улога што ја игра во ОН“, напиша Пушков, пренесува „Взгљад”.

Претходно портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се обидува да воспостави телефонска врска со претседателот на Русија Владимир Путин, но дека Москва „не реагира“. Според неговите зборови, Ердоган се решил да го повика Путин откако „Русија на 29 јануари повторно го повреди воздушниот простор на Турција“.

Во петокот, 5 февруари, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган немало контакти и дека не се ни планирани.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња