Министерството за надворешни работи на Турција го повикало амбасадорот на Русија во Анкара во врска со наводно нарушување на турскиот воздушен простор, соопштува агенцијата „Ројтерс“.
Според информациите на агенцијата, турското МНР соопшти дека руски борбен авион во петокот, 29 јануари, го нарушил воздушниот простор на Турција.
Во врска со тоа, во турското министерство бил повикан рускиот амбасадор Андреј Карлов. МНР Турција во своето соопштение ја повикува РФ да престане да го нарушува турскиот воздушен простор, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче