ЕК: „Северен тек-2” мора да биде во склад со Третиот енергетски пакет

Портпаролот на „Гаспром“ Сергеј Купријанов претходно изјави дека Третиот енергетски пакет не се однесува на „Северен тек-2“, затоа што поминува по дното на морето и нема да има копнена делница.

Гасоводот „Северен тек-2”, вклучувајќи ја и неговата морска делница, мора да ги почитува нормите на европското законодавство и Третиот пакет енергетски прописи, соопшти генералниот директорат на Европската комисија за енергетика.

„Поаѓајќи од тоа дека енергетските закони на ЕУ мораат да бидат применети на делниците на „Северен тек-2“ кои се под јурисдикција на ЕУ, можеме да заклучиме дека без внесување на измени во проектот не можат да бидат испочитувани барањата за поделба на сопственичките права, регулирањето на тарифите и пристапот на трети земји“, се наведува во заклучокот на Европската комисија, пренесува „РБК“. 

Денес исто така европскиот комесар за енергетика Мигел Аријас Кањете изјави дека властите на ЕУ штотуку ја започнале процената на морската делница на „Северен тек-2“ и дека засега не располагаат со сите потребни податоци.

Портпаролот на „Гаспром“ Сергеј Купријанов претходно изјави дека Третиот енергетски пакет не се однесува на „Северен тек-2“, затоа што поминува по дното на морето и нема да има копнена делница. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња