Украина поднесе жалба до ЕК против „Северен тек-2“

Во официјалната жалба што ја поднесоа властите на Украина до Комитетот за енергетика на Европската комисија се истакнува дека проектот за изградба на гасоводот „Северен тек-2“ ги повредува интересите на европските земји.

Украина поднесе во Европска комисија официјална жалба во врска со проектот за изградба на гасоводот „Северен тек-2“, изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук во текот на средбата со вицепремиерот и шеф на МНР на Словачка Мирослав Лајчак.

„Украина поднесе официјална жалба до секретаријатот на Енергетската заедница во однос на изградбата на „Северен тек-2“, затоа што тоа  политички проект. Ние бараме Европската комисија да почне истрага и да го запре овој антиевропски, антиукраински, антисловачки и антиполски проект. Ние не сакаме да им дозволиме на Русите да нѐ изиграат, ние сакаме да изградиме транспарентен европски пазар на гас, затоа испраќаме силен сигнал до нашите европски партнери и европската заедница. Овој проект не само што треба да биде повторно разгледан, треба да биде и отфрлен“, изјави Јацењук.

Претставникот на прес-службата на ЕК прецизираше за РИА „Новости“ дека Европската комисија добила жалба од страна на „Нафтогас на Украина“ поднесена до Енергетската заедница која пак ја предала до ЕК. Од Европската комисија ветија дека ќе ја анализираат жалбата и ќе испратат одговор до секретаријатот на Енергетската заедница. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња