Преговарачката позиција на Русија се состои од пет точки, пренесува „Взгљад“.
Првата точка предвидува дека „гласањето за уставот на Украина треба да биде цврсто поврзан со истовремено прифаќање на амандмани во членовите 1 и 10 од законот за посебен статус за да му се даде на посебниот статус основа според „формулата на Штајнмаер“. Втората точка предвидува „редакцијата на тие амандмани во закон за посебен статус треба да биде усогласен во Контакт-групата“.
Согласно третата и четвртата точка, „неопходно е да се најде правна формула која ќе гарантира дека точката 18 од преодните одредби на уставот ќе укажуваат имено на важечката редакција на членовите 2-9 од законот за посебен статус и на одново усогласените редакции на членовите 1 и 10 од страна на Контакт-групата“ и „таа формула треба да се вметне во уставот на Украина“.
Петтата точка предвидува дека е „неопходно исто така правно да се вметне во уставот на Украина дека овластувањата на избраните лица на изборите во Донбас според посебен закон нема да бидат укинати во 2017 година, како што е предвидено со уставната реформа за цела Украина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче