Руски Генералштаб: Западот води отворена медиумска војна против Русија

Заменик-началникот на Воената академија на Генералштабот на Вооружените сили на РФ Сергеј Чварков изјави дека Западот води против Русија отворена медиумска војна.

„Против Русија се води отворена медиумска војна“, ги цитира РИА „Новости“ зборовите на генерал-мајорот Чварков.

Рускиот претседател Владимир Путин во октомври 2015 година ги нарече информациите за наводните жртви меѓу сириските цивили како резултат на руската воена интервенција како „медиумски напади“. Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров исто така зборуваше дека против Русија се води медиумска војна, како и тоа дека во Русија „не се интересираат за војни“.

Началникот на Воената академија на Генералштабот на ВС РФ Сергеј Макаров во октомври 2015 рече дека „искуството кое САД го стекнаа во медиумските операции во Авганистан е развивано во Ирак, Либија и Сирија“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња