„По повод информациите во медиумите за страдањето на цивилното население можам да го кажам следново: ние сме подготвени за медиумски напади. Ви укажувам на тоа дека првата вест за цивилни жртви се појави пред да полетаат нашите авиони“, рече Путин на седницата на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права“, пренесува РИА „Новости”.
„Тоа, сепак, не значи дека нема да ги следиме сличните информации“, додаде Путин.
Другите земји веќе повеќе од година дена напаѓаат во Сирија, потсети рускиот претседател. Тоа го прават без резолуција на Советот за безбедност на ОН и без соодветна дозвола од официјалните власти на Сирија.
„Од нас го бараа тоа и ние имаме намера да се бориме токму против терористичките организации“, рече рускиот лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче