Владимир Спиваков основа меѓународен натпревар за виолинисти

Познатиот руски виолинист и диригент Владимир Спиваков стана основач на новиот Меѓународен натпревар на виолинисти (International Violin Competition) што ќе се одржи во Уфа од 10 до 17 мај 2016 година.

Познатиот руски виолинист и диригент Владимир Спиваков стана основач на новиот Меѓународен натпревар на виолинисти (International Violin Competition) што ќе се одржи во Уфа од 10 до 17 мај 2016 година.

За учество во натпреварувањето се повикуваат сите млади виолинисти од 15-26 години од сите земји. Пријавите за учество се испраќаат преку веб-сајтот на проектот www.vsvc.org до 20 март 2016 година.

Победникот ќе добие виолина изработена од мајсторот Карло Џузепе Одоне, направена околу 1890 година. Учесникот што ќе освои второ место ќе добие виолина на францускиот мајстор Алан Карбонар и 5000 долари. За третото место е предвидена награда виолина, изработка на Марија Стрељникова (Кремона, Италија) и 3000 долари. Како посебни награди се предвидени настапи на меѓународни музички фестивали во францускиот град Колмар и во руските градови Москва, Уфа и Перм.

Жирито ќе биде предводено од руско-американскиот виолинист и педагог Михаил Копелман. Полниот состав на жирито ќе биде објавен во февруари 2016 година. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња