Путин: Присоединувањето на Крим кон Русија е судбината на 2,5 милиони луѓе

Присоединувањето на Крим кон Русија е, пред сѐ, судбината на 2,5 милиони луѓе, а не промена на границите, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„А под тоа подразбирам луѓе – 2, 5 милиони души. Тоа се луѓе кои се исплашија од превратот, треба директно да се каже, беа вознемирени од државниот удар во Украина. И по ударот во Киев, а тоа не беше ништо друго освен државен удар, колку и да го дотеруваат, крајно националистички настроени сили кои доаѓаа тогаш на власт и делумно, во значителна мера дојдоа на власт, тие просто директно почнаа да им се закануваат на луѓето“, изјави Путин во интервју за германски „Билт“, а пренесува „Взгљад“.  

Притоа рускиот претседател потенцира дека во текот на организирањето и спроведувањето на референдумот на полуостровот не загинал ниту еден човек, а вооружените сили биле испратени „само за да ги спречат над 20 илјади војници на Украина да не се вмешаат во слободното изразување на волјата на луѓето кои живеат таму“.

„Прашање: што е тоа демократија? Демократија е волјата на народот, луѓето посакаа да живеат така како што гласаа. За мене не се важни територијата и границите, туку судбината на луѓето“, рече Путин.

Претседателот на РФ исто така потсети дека во наведениот случај беше во целост почитувано меѓународното право, затоа што согласно Повелбата на Обединетите нации секој народ има право на самоопределување. Како пример тој го наведе случајот со Косово, кога Меѓународниот суд на ООН одреди дека при решавање на прашање за суверенитет мислењето на централните власти може да не се зема предвид. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња