„Нафтогас“ поднесе жалба до Европската комисија против „Северен тек-2“

Проектот „Северен тек-2“ наводно не одговара на некои барања кои се применуваа во Европската унија, соопшти „Нафтогас на Украина“.

Европската комисија прими официјална жалба од компанијата „Нафтогас на Украина“ против изградбата на „Северен тек-2“, соопшти компанијата.

На 5 јануари 2016 година секретаријатот на Енергетската заедница ѝ ја предаде на Европската комисија официјалната жалба поднесена од НАК „Нафтогас на Украина“ за понатамошни разгледување, се вели во соопштението.

Во своето обраќање „Нафтогас“ тврди дека во сегашниот вид проектот „Северен тек-2“ не одговара на барањата за одвојување на функцијата транспорт од функцијата испорака на гас кои се применуваат во Енергетската заедница и ЕУ. Според мислењето на компанијата, проектот не треба да добие ексклузивно право на непочитување на тие барања, затоа што тоа нема да придонесе за конкуренцијата, ќе ја влоши безбедноста на испораките и ќе стане штетен за ефикасното функционирање на пазарот на гас во Енергетската заедница.

Во соопштението се истакнува дека со транспорт преку територијата на Украина на доволни обеми руски гас и организација на виртуелен реверс меѓу Украина и ЕУ ќе биде можно обединувањето на пазарите на гас на Централна, Источна и Јужна Европа со пазарот на Енергетската заедница. Во својата изјава „Нафтогас“ потенцира дека системот за транспорт на гас на Украина претставува директна, сигурна и конкурентна маршрута за испораките на рускиот гас во ЕУ. „Исто така тоа е единствената маршрута за испораките на руски гас во ЕУ која не е контролирана од „Гаспром“, се вели во соопштението, пренесува „Рамблер.ру“.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.