Федералната антимонополска служба на Германија ја одобри реализацијата на проектот „Северен тек-2“ (Nord Stream 2 AG), соопштува „ТВ Ѕвезда“.
Претходно европските партнери поднесоа барање до полскиот антимонополски регулатор за одобрување за купување дел од акциите за учество во проектната компанија СП.
Проектната компанија „Северен тек-2“ беше формирана од „Гаспром“ во јули 2015 година. Првично се викаше New European Pipeline AG. Како што беше соопштено, рускиот холдинг планира да задржи за себе 50% од акциите во СП, а останатите да ги продаде на пет странски партнери.
Nord Stream 2 AG предвидува изградба на 3 и 4 краци на балтичката магистрала со капацитет до 11 милијарди кубни метри годишно. „Северен тек-2“ треба да го замени транзитот на гас преку Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче