Јацењук бара ЕУ да го блокира проектот „Северен тек-2”

Сметаме дека овој проект треба да биде блокиран затоа што не им одговара на интересите ниту на ЕУ, ниту на Украина, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук во текот на брифингот за новинарите во Брисел со Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини се обрати до Европската унија со барање проектот „Северен тек-2” да биде блокиран.

„Се обраќаме до нашите европски партнери со молба „Северен тек-2“ да помине најригорозна инспекција. И ние сметаме дека овој проект треба да биде блокиран, затоа што не одговара на интересите ниту на ЕУ, ниту на Украина“, изјави тој, пренесува „Взгљад”.

„Овој проект ги остава Украина, Полска и Словачка без милијарди долари приход, а исто така ја остава и ЕУ без конкуренција на пазарот на гас, правејќи ја зависна од „Гаспром“, тврди Јацењук.

                       

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња