Чавушоглу: Се надеваме на брза нормализација на односите со Русија

Турција не презема остри чекори против Русија затоа што се надева на брза нормализација на односите, изјави министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу.

Турција не презема остри чекори против Русија затоа што се надева на брза нормализација на односите, изјави министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу при посетата на Руското здружение за култура и уметност на Анталија, пишува „Лента.ру“ повикувајќи се на агенцијата „Ихљас“.

Според зборовите на министерот, Турција по почетокот на дипломатската криза „не преземаше никакви негативни чекори во однос на Русија“. „За нас Русија е важна. Тоа е наш многу важен партнер и затоа ние трпеливо чекаме и не преземаме мерки“, рече Чавушоглу.

Според него, народите на двете земји не треба да страдаат. „За жал, во Русија беа преземени негативни чекори спрема некои наши граѓани. Се надевам дека нашите руски пријатели ќе ги ревидираат преземените активности“, изјави шефот на турската дипломатија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.