Путин: Не гледам можност за подобрување на односите со Турција

Владимир Путин

Владимир Путин

Констанстин Завражин / Росијскаја газета
Претседателот на Русија Владимир Путин ја одржа годишната голема прес-конференција. Во текот на три и нешто часа тој успеа да одговори на прашања поврзани со Турција, зборуваше за појавувањето на Исламската држава (организација забранета во Русија), а исто така предложи да му се даде Нобелова награда за мир на претседателот на ФИФА Јозеф Блатер.

За економската криза

Старите прогнози за излез од кризата беа направени врз основа на тоа дека барелот нафта ќе изнесува 100 американски долари. <…> Но, пикот на кризата и при моменталната цена на нафтата е во минатото. Пикот, а не самата криза.

Без оглед на сложените ситуации, Русија во целост ги исполнува сите обврски пред меѓународните кредитни организации.

Слушам дека зад ридот стапките се пониски. Секако, пониски се, таму и проблемите се поинакви. Нам ни се заканува инфлација, а таму проблемот е во дефлацијата: производителите произведуваат, а не можат да продадат. Ние за да ја намалиме стапката, (треба) да не ја „буцкаме“ Централната банка, туку да ѝ помагаме на владата да се намалат инвестициските ризици.

За односите со Турција и за соборениот авион

Со актуелното турско раководство ние е тешко или практично невозможно да се договориме. Кога зборуваме дека се согласуваме, тие отстрана или в грб ни нанесуваат удар. Не гледам можност за подобрување на односите на државно ниво.

Доколку некој во турското раководство решил да ги лижат Американците на едно место, не знам дали тие правилно постапиле, дали тоа им е потребно на Американците.

Дејствијата на турските власти не претставуваат пријателски, ами непријателски акт. <…> Тешко беше да се крене слушалката или по каналите за врски да се јават? Никој ништо не кажа. А, што добија? Мислеа дека ќе избегаме? Русија не е таква земја. Ние го зголемивме своето воено присуство: сега таму се наоѓа С-400.

Доколку претходно Турција постојано леташе и го нарушуваше воздушното пространство на Сирија, сега ваквите летови не се дозволени.

За забраната на организацијата Исламска држава во Русија

Требаше да се донесе топовско месо како исламска парола, кое всушност ги заштитува економските интереси. Така се појави ИДИЛ.

Кога гледам на сето тоа ми се чини дека ИДИЛ е веќе второстепена работа. Своевремено влегоа во Ирак, го разурнаа – добро, лошо, не е важно.

Не мислиме дека оваа коалиција (неодамна создадената антитерористичка коалиција на Блискиот Исток под водство на Саудиска Арабија) ќе има антируски карактер. <...> Ние имаме различни приоди во решавањето на кризата во Сирија, но имаме и некои заеднички погледи.

За економските врски со Украина

Се стремевме да ги зачуваме економските односи со Украина. Но, Украина еднострано излегува од овој режим и се приклучува на ЕУ. Така не се прави. <...> Украина нема да ги користи привилегиите и преференциите во трговските односи со Русија. Но, тоа не е наш избор. Ние се боревме.

Немаме намера да воведеме какви и да се санкции кон Русија, сакам ова да биде чуено. Едноставно преминуваме на режим на најголема повластица во трговијата.

За Донбас

Како прво, никогаш не сме зборувале дека таму не постојат луѓе кои се занимаваат со решавање на воените прашања. Но, тоа не значи дека таму има постојана војска. Сфатете ја разликата. Како второ, размената (на украинските војници) траба да биде еднаква.

Треба да се ослободат луѓето кои се запленети како од едната, така и од другата страна. Не е тајна дека украинските власти сметаат дека оние што се запленети во Донбас подлежат на размена. А, уапсените во Киев кои седат по затворите се надвор од овој процес.

За скандалите поврзани со власта и со бизнисот близок до власта

Ние сме задолжени да реагираме на тоа. Доколку зборувате за децата на главниот обвинител, треба прво да се види дали тие го нарушиле законот. Дали во работата на главниот обвинител постои елемент кој е поврзан со конфликт на интереси? Треба повнимателно да се види, меѓу другото и да се исчистат заклучоците што се појавуваат на Интернет.

Резултатите (од 15-годишното водење на земјата) се гледаат во значителниот пораст на приходите на населението, порастот на БДП, зајакнувањето на одбранбената способност на земјата, борбата со тероризмот. А, работите кои имаат страничен карактер (скандалите околу главниот обвинител, учество на губернаторот во претепување на новинари и сл.) ги има насекаде.

За корупцискиот скандал во ФИФА

Ниту една земја нема право да ја шири својата јуриздикција на други држави. Треба да се бориме со корупцијата. Но, практиката кога фаќаат странски државјани те ваму, те таму и ги носат на испрашување – тоа е неприфатливо.

Постои ли корупција во ФИФА? Тоа ќе го покаже истрагата. Блатер е почитуван човек, тој има направено многу за развојот за светскиот фудбал. Неговиот придонес во хуманитарната сфера во светот е колосален. <...> Ете кому треба да му се даде Нобелова награда за мир.

Ајде да го почекаме крајот на истрагата и да видиме кој е виновен. Ние сме против допингот. Тој го нарушува здравјето на луѓето. Тоа е отров. Доколку некој користи допинг, тогаш треба да биде казнет на соодветен начин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња