ФСБ ги знае структурите вмешани во соборувањето на А321

Лицата вмешани во терористичкиот напад врз рускиот авион А321, кој се сруши над Синајскиот полуостров, не се идентификувани, изјави директорот на ФСБ Александар Бортников.

Прелиминарно се утврдени структурите кои би можеле да бидат вмешани во соборувањето на рускиот авион А321 над Синајскиот полуостров во Египет, изјави шефот на ФСБ Александар Бортников.

„Познато ви е дека се работи на тоа. Засега ништо конкретно не можам да кажам. Постојат одредени обележја на структурите кои можат да бидат поврзани со случајот. Има многу работа“, рече Бортников.

На прашањето дали тоа значи дека засега не се идентификувани лицата вмешани во соборувањето на авионот над Синај, Бортников одговори потврдно, пренесува РИА „Новости“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.