Кремљ: Безбедносните служби сметаат дека падот на А321 е терористички чин

Во извештајот на египетската комисија за истрагата на несреќата со рускиот авион А321 над Синај се вели дека нема докази за терористички чин.

Руските безбедносни служби сметаат дека причина за падот на А321 е терористички чин, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков во понеделникот, коментирајќи го извештајот на Египет за отсуство на докази за терористички чин со кој е соборен А321.

„Единствено можам да потсетам на извештајот на нашите експерти од соодветните безбедносни служби кои дојдоа до заклучок дека тоа беше терористички чин“, изјави Песков, коментирајќи ја изјавата што комисијата ја даде во понеделникот, пренесува РИА „Новости“.

На 31 октомври 2015 година авионот Ербас А321 на авиокомпанијата „Когалимавиа“ беше соборен над Синајскиот полуостров при што загинаа 217 патници и 7 членови на екипажот. Првиот човек на ФСБ РФ Александар Бортников изјави дека катастрофата се случила како последица на терористички чин.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња